Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Повлекувањето на Русија од Херсон може да е замка сметаат експертите

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели. Тој повикот го упати за време на видеосостанокот со рускиот командант во Украина, Сергеј Суровикин, кој пак рече дека ова е тешка одлука.

Според странските агенции, најавата на рускиот министер претставува едно од најзначајните руски повлекувања и потенцијална пресвртница во војната што трае, речиси, девет месеци.

Синоќа пак портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова рече дека Руската Федерација е подготвена да преговара со Украина под моменталните околности.

За поранешниот шеф на британската армија Ричард Данат повлекувањето на Русија од Херсон може да биде „измама“ да ги намами украинските сили во смртоносна замка.