Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ромското здружение „Аваја“ изнајде решение за жените во Шуто Оризари да добијат гинеколошка ординација

/

пред 1425 дена

Сподели преку :

Поликлиниката Шуто Оризари од денеска добива нова гинеколошко-акушерска ординација, што би требало да ги надмине проблемите на жените од оваа општина за пристапот до гинеколошки услуги.

Ромското здружение „Аваја“ информира дека успеало да изнајде решение и донација за гинеколошката амбуланта за ангажирање на медицинска сестра во првите шест месеци за пружање на медицински услуги на повеќе од 10 илјади жени Ромки од Шуто Оризари.

По истекот на шесте месеци, пак, медицинската сестра ќе биде ангажирана од страна на самата гинеколошко-акушерска ординација.

Проблемот со гинеколошка ординација во Шутка трае многу долго. Ниту еден гинеколог во ординацијата не се задржува подолго од шест месеци. Ординацијата беше опремена и подготвена за работа во април 2021-ва година. Ангажиран беше гинеколог кој се согласи да регистрира приватна здравствена установа. Но, по само шест месеци, жените од Шуто Оризари повторно останаа без матичен гинеколог.  На ординацијата во која работеше д-р Божидар Бошковски беше ставено известување дека таа е затворена и докторот веќе нема да работи.
Како главна причина за неговото заминување, наведени се приватни обврски, како и тоа што докторот заминува во пензија.