Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

12 вработени во М-НАВ поднеле оставки од функциите – велат дека трпат политички притисоци

/

пред 1424 дена

Сподели преку :

12 вработени во М-НАВ, заменици на директорите, началници, инструктори, експерти, раководители на сектори вчера поднеле оставки на своите позиции незадоволни од одлуките на тројцата директори за одолговлекување на испраќањето на школување во Данска на нови контролори на летање кои веќе ги поминале сите тестирања.

Тие велат дека ќе ги повлечат оставките само во случај ако директорите веднаш не ја променат одлуката и не ги испратат осумтемина избрани на неопходната обука.

Тврдат дека има многу сомневања за однесувањето на тројцата директори на државната компанија за следење на цивилниот авиосообраќај во Македонија М-НАВ, Фахрудин Хамиди, Миѓен Селмани и Влатко Крстевски, кои во неколку наврати се обидоа да ги дополнат селектираните листи, веројатно со нивни деца и препорачани лица од партиските штабови.

„Селекцијата е регуларно завршена и не постои реална причина или оправдување поради што процесот на обука сѐ уште не е почнат. Бараме управата на М-НАВ итно да донесе одлука за почнување на школувањето на селектираните кандидати за контролори на летање согласно рангирањето кое официјално ви е доставено како предлог од страна на комисијата за спроведување на селекцијата… Процесот се одвиваше транспарентно и професионално“, напишаа во писмото до директорите раководителите во оставка.

Се работи за конкурсот на М-НАВ за осум контролори на летање. Се пријавиле 270. По првата селекција останале 140, ама веројатно без посакуваните кандидати на директорите, кои веднаш реагирале и побарале листата да биде составена од 166, а не 140. Данската компанија „Гејт авијешн тренинг“, која според критериумите на Еуроконтрол, го врши селектирањето и обуката, прифатила да ја прошири листата. Останале 12, од кои 8 треба на 1 декември да одат на четиримесечна обука. Одложувањето кое го наметнуваат директорите само ги подгреваат шпекулациите дека се незадоволни затоа што повторно на листата ги нема нивните и кандидатите испратени на ливче од партиските штабови.

Ова предизвика сериозно незадоволство во М-НАВ. Најпрво на ова реагираа синдикатот и здружението на контролорите на летање, а денес и дел од раководниот тим.