Уште полошо сум одошто бев. Ми доаѓа крајот, не можам да лажам дека сум добро кога не сум, одговорил легендарниот хрватски фудбалски стручњак, Мирослав Ќиро Блажевиќ на барањето од српски курир.рс за коментар за претстојното Светско фудбалско првенство во Катар.
„Црниот дроб ми е полн со метастази, сега не ми е до фудбал“, додал Блажевиќ.
Блажевиќ, кој ја предводеше репрезентацијата на Хрватска до бронзен медал на Мундијалот во 1998 година, има 87 години и боледува од рак.











