Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува втората фаза од ЕП во ракомет што се игра во Скопје

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

По еден ден пауза и комплетирањето на првиот круг од Европското првенство во ракомет во женска конкуренција денеска во Скопје продолжува Главната рунда.

На програмата се два дуели, во првиот Холандија ќе се соочи со Германија додека во вечерниот термин од 20:30 часот Романија за противник ја има Шпанија.

Репрезентацијата на Холандија во првата фаза доживеаа само еден пораз и тоа во дуелот со Франција и во Главната рунда пренесе два бода.

Германките во директните мечеви со Црна Гора и Шпанија доживеа порази и во продолжението од турнирот влегува без бодови.

И двете селекции ќе атакуваат на триумф бидејќи само со победа ги задржуваат шансите за пласман во полуфиналето.

Во вториот меч Романија ќе се сретне со Шпанија која во Подгорица славеше над Германија и овие два бода ги пренесува во Главната рунда.

Романките во првиот круг ја совладаа само Македонија и во следната фаза влегуваат без ниту еден бод.

ФОТО: Игор Паневски