Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Оштетените од „Еуростандард“ прашуваат зошто се уште нема одговорност

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

И по две години нема одговорност за „Еуростандард“ банка. Оштетените коминтенти велат дека чувството дека се покрадени е тешко, но уште потешко е кога гледаат како тие што ги покрале се слободни и уживаат со нивните пари.

Обвинуваат дека банката пропадна поради организиран и толериран грабеж на депозити со години, а се уште нема никаква официјална информација за организираниот криминал сторен во истата.

– Во Еуростандард банка масовно и свесно се делеле кредити на блиски фирми комитенти на банката без или со мали хипотеки или со обични меници како единствено обезбедување, со намера и план паричните средства да не се вратат. И токму тие нелегални активности, кои значително се зголемиле во последните неколку години пред затворање на банката, се директна причина за нејзиното пропаѓање, велат оштетените.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага против четворица раководни лица во Еуростандард банка уште во февруари минатата година. Осомничени се за предизвикување стечај на банката и за перење пари и други приноси од казниво дело. За нив доколку се докажат од обвинителството, следуваат повеќегодишни затворски казни за одговорните лица.