Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повлечени Предлог- измените на Законот за субвенциониран студетски оброк

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

По бурата реакции во јавноста  на предлог  на 10 пратенички и еден пратеник од власта, повлечени Предлог- измените на Законот за субвенциониран студенти оброк. Измените предвидуваа нови критериуми за пријавување, според кои правото на субвенциониран оброк  го губат студенти кои земаат стипендии, апсолвентите и студентите , чии примиња во семејството ја надминуваа минималната плата од 18 илјади и 200 денари.Против новите критериуми реагираа од Универзитетското студентско собрание при УКИМ, со објаснување дека се крати бројот на студентите кои можат да аплицираат за здрав оброк.

Суштината на самиот закон е да се обезбеди здрав оброк за секој еден студент од факултетите. Намерата со новиот текст е тој број да се скрати, со што би се намалило правото студентите да користат здрав оброк. Ние како УСС треба да се бориме секој еден студент да добие право на здрав оброк. И да се запази суштината на самиот закон, правен во прв план, вели Славчо Темелковски претседател на Универзитетско студентско собрание при УКИМ.

Против измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, реагираа и од Студентското собрание при Факултет за медицински науки од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, зашто сметаат дека се дискриминирачки.

Според новите информации се имплементира екстремно голема дискриминација. Сите студенти ги едуцираме и градиме како академски граѓани кои ги преминуваат сите стигми и предрасуди. ФСС при ФМН смета дека листата на критериуми за доделувањето на Студентски оброк е бесцелна и нелогична, поради тоа што самото име на проектот укажува дека право за истиот го има секој студент, соопштуваат од Факултетско студентско собрание при ФМН- Универзитет „ Гоце Делчев “ – Штип. 

Со новите измените на Законот се предвидува зголемување на дневната субвенција од 120 на 140 денари за студентски оброк. Но, за разлика од првичната примена на Законот во време на пандемијата, која овозможуваше студентите да примаат по 120 денари и месечно им се собираа околу 2400 денари што ги добиваа на трансакциска сметка и ги користеа за покривање на различни трошоци, сега средставата ќе се користат стрикно за студентски оброк. А, ќе бидат склучени договори со угостителски објекти од кои се бара намалување на цените  на услугите за 30%, а не за 10%, како што беше во првичниот текст на законот.

За изнаоѓање решение за измените на Законот за студентски оброк, во понеделник ќе се дебатира во Собранието , во присуство на претставници на студентските тела и  од надлежното министерство.

Сотир Трајков