Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украина слави за ослободувањето на Херсон но се подготвува и за новите закани на северната граница

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

Украина слави за ослободувањето на градот Херсон позициониран на југот од земјата кој беше окупиран од руските трупи речиси од почертокот на руската воена интервенција. Доцна синоќа во главниот град Киев голем број луѓе се собраа да прослават за ваквата вест. Светските медиуми пишуваат дека ова е пресвртница за Украина иако дел од воените експерти повикаа на претпазливост по изненадувачката одлука Русија да ја повлече својата војска.

Ние ја сакаме Украина, го сакаме Керсон, сите ние сме Украина и ги чекаме украинските вооружени сили да ги вратат нашите градови назад, чекаме оваа војна да заврши со пораз на Русија, вели Мороз Алина, жител на регионот Херсон.

 

Ние сме им благодарни на украинските вооружени сили. Нашите момчиња се неверојатни. Слава на Бога, слава на украинските вооружени сили, слава на Украина, вели Попова Лидија, жител на Херсон.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчерашниот ден го опиша како „историски“, но и предупреди дека Херсон „се уште не е целосно исчистен од непријателот“, а деталите за руското повлекување и идната стратегија за војната во Москва сè уште не се јасни.

Среќен сум што гледам како луѓето, и покрај сите закани, и покрај репресијата и злоупотребата на окупаторите, ги штитат украинските знамиња, веруваат во Украина. И дури и кога градот сè уште не е целосно исчистен од непријателското присуство, истакна во видеообраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Сепак Киев наведува дека Москва и понатаму претставува голема закана а тоа го потврдуваат и информациите кои ги објавија руските воени претставници во кои се вели дека во Белорусија што пак експертите ја гледаат како нова закана и можно отворање нов фронт во Украина…

Украинските власти пак соопштила дека земјата гради армирано-бетонски ѕид и други видови барикади на границата со Белорусија. Советникот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко информира дека ѕидот долг 3 километри прекриен со бодликава жица подигнат во регионот Волин на границата со Белорусија.

Александар Петрески