Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Општина Тетово незаконски ќе урива приватен објект иако процесот за експропријација се уште трае тврди сопственикот

/

пред 1422 дена

Сподели преку :

Откако го добиле известувањето од Општина Тетово за отстранување на куќата на чие место треба да поминува булеварот „Благоја Тоска“, сопственикот Ислам Рушити се пожали на притисок. Тој тврди дека рушењето не треба да спроведе затоа што сѐ уште трае постапка за експропријација на имотот, односно треба да се направи супер вештачење од овластен судски вештак за определување надоместок, одлука донесена на судско рочиште во мај годинава.

Според приватното вештачење цената е многу повисока од таа на Општината, вели Рушити.

Што ќе правам, јас ќе седам во куќата, ќе кажам и на полицијата и на другите, затоа што сме на суд, да излеземе од просецот, после ќе видиме. Не е завршен процесот. Ние бараме колку што покажа вештачењето, 120 илјади евра, Општина дава 76. Местото ми е со големина од 426 м2, а општината зема 350, вели Рушити.

Градоначалникот Биљал Касами, пак, информираше дека рушењето ќе го спроведат во понеделник.

Значи понеделник, веќе е информирана полицијата за да асистира, за да се елиминира и последната пречка во продолжување на останатиот дел од трасата на булеварот. Се надеваме дека полицијата позитивно ќе одговори и ќе го елиминираме и последниот проблем и ќе се продолжи со динамиката. Објект кадешто сите законски процедури се завршени, сега треба да се отстани граѓанинот и да се премести на друго живеалиште, рече Касами.

Куќата е последниот објект на трасата на која булеварот „Благоја Тоска“ треба да продолжи во правец кон станбениот Блок 70, проект за растеретување на сообраќајот, кој граѓаните на Тетово го чекаат речиси две децении.

Данијела Билбилоска