Најновата информација во светските медиуми е уривањето на две згради во францускиот град Лил. За среќа луѓето биле евакуирани бидејќи било пријавено искривување на еден од ѕидовите.
Спасувачките екипи се на терен и проверуваат дали можеби некој останал во објектите и е затрупан под урнатините. Зградите се урнале утринава околу девет часот пред да почне работното време на продавниците на познатата трговска улица.
Една од урнатите згради била на три ката и во фаза на реновирање. Кога се урнала, ја повлекла и соседната зграда.
Официјалните изјави на тамошните градски власти се дека нема жртви бидејќи сите луѓе биле евакуирани уште претходната вечер како мерка на претпазливост бидејќи ваков епилог се очекувал.











