Утре со почеток во 12 часот во Броз Кафе ќе биде организиран хуманитарен базар на кој скопјани ќе имаат можност да помогнат на петмина сограѓани со тоа што ќе купат некоја од ракотворбите и домашните производи што ќе бидат изложени на настанот.
Целта на барзарот е да се соберат средства кои ќе им бидат подеднакво поделени на луѓе на кои навистина им е потребна помош.
Дел од средствата ќе му бидат доделени и на новинарот Саше Димовски на кој му беше ампутирана ногата, потребни за негово лекување, протеза и за рехабилитација.
Хуманитарна акција е покрената и на социјалните мрежи, а може да се донира на следниве сметки:
Денарска: 250101000288259
Девизна: 1408000644660
SWIFT: INSBMK22
Исто така, дел од средствата ќе добие самохрана мајка од Шуто Оризари, малиот Војдан кој боледува од церебрална парализа и во моментов покажува сериозен напредок во борбата со болеста, а и самохраната мајка Драгица Исаиловска која се бори со канцер.
Организаторот воедно ги повика на учество и сите заинтересрани кои би сакале да понудат свои производи, дела и идеи со кои ќе помогнат во акцијата.











