Иако постојат програми за рано откривање на ракот грлото на матката, во последните години бројот на жени со оваа дијагноза е се поголем. По карциномот на дојка овој тип на рак е втора најчеста причина за смртност кај жените. Најмладата пациентка со рак на матка во Македонија има 22 години. Гинеколозите апелираат за редовни гинеколошки прегледи бидејќи само така може да се откријат било кави промени на матката.
-За жал инциденцата се движи некаде меѓу 16 и 24 на 100 илјади жени на ракот на грлото на матката. Имаме жени коишто не доаѓаат на преглед, така што имаме случаи на многу млади што не доаѓале на преглед, а се заболени од рак на грло на матката, дури за жал нашето одделение го држи рекордот од 22 години и 10 месеци, значи толку млада, но три години не била на преглед“, рече проф.д-р Горан Димитров, гинеколог од почеток до 34
Се уште е висок бројот и на малолетни родилки, а на гинеколошкото одделение во Битола има девојчиња иои станале мајки на 13 години.
-Во годините како што доаѓаат првите менструации кај девојките се на 9 години, така што пациентките почнуваат и на 10 години со сексуални односи, за жал имаме и такви случаеви, а веќе од 11 до 13 година сме имале и раѓање, најчесто најмладите пациентки се на 13 годишна возраст. Таквите пациентки прво треба да донесат согласност од родител или старател пред да започнеме со сите интервенции што треба да следат, вели примариус др. Елизабета Чипуровска од 34 до крај
Според анкетите и истражувањата на Македонската асоцијација на гинеколози направени неодамна, 30 до 40 проценти од жените не знаат кој е причинител на ракот на грлото на матката, повеќе од 60 проценти не одат на редовен гинеколошки преглед еднаш во годината, а повеќе од 40 проценти немаат избрано матичен гинеколог. Истражувањето покажало дека 20 проценти од учениците сметаат дека кондомот може да помогне само во спречување на бременост, а не спречува сексуално пренослива инфекција, а пак 20 проценти од учениците сметаат дека контрацептивните таблетки ќе ги заштитат од сексуално преносливи инфекции.
Емилија Мисирлиевски











