Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕСМ: Од „Скопје Север“се одговорни за прекин на греењето, одбија да потпишат договор

/

пред 1421 дена

Сподели преку :

АД ЕСМ реагира на одлуката на топланата Скопје Север да го прекине греењето за скопјани, велат дека неостварливо е барањето да добие неповратни субвенции бидејќи нема основ за тоа.

АД Скопје Север одби да го потпише Договорот, затоа што овој субјект бара неповратни средства, односно смета дека треба да му се исплати финансиска помош која не треба да ја врати, иако АД ЕСМ истите средства ги должи кон државниот буџет. Скопје Север побарува субвенционирање директно од АД ЕСМ, кое нашата компанија ниту има правен основ, ниту смее да го прави, односно смее да постапува исклучиво по задолжението од Владата и во рамките на одобрениот Договор од страна на Владата.

Од ЕСМ велат дека доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над 58 илјади потрошувачи, одговорноста за прекин на греењето на потрошувачите кои ги снабдува во општините Чаир и Бутел паѓа исклучиво врз нив.