Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сојлу по експлозијата во Истанбул: Турција не ја прифаќа пораката за сочувство од САД

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Турција не ја прифаќа пораката за сочувство од Соединетите Американски Држави за вчерашниот смртоносен терористички напад во Истанбул, изјави денеска турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува агенцијата Анадолија. Во експлозија на авенијата „Истиклал“ загинаа шест лица, а повредени се 81.

Турската полиција соопшти дека извршител на бомбашкиот напад во Истанбул е Ахлам Албашир, државјанка на Сирија. Таа е уапсена за време на полициска акција и приведена. Уапсената жена признала дека наредбата за напад ја добила од центарот на терористичката организација во Кобане во Сирија.

ИПГ е сириски огранок на ПКК, што се наоѓа на листата на Турција, САД и на Европската унија како терористичка организација.

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер во пишана изјава вчера, посочи дека „САД остро го осудуваат чинот на насилство што се случи во Истанбул“.

На местото на експлозијата денеска, Сојлу појасни дека личноста одговорна за нападот би побегнала во Грција, доколку не беше фатена. Како што додаде, лицето кое го планирало нападот, исто така е лишено од слобода.