Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Директорите на М-НАВ само за еден мандат ќе заработат половина милион евра?!

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Двајцата директори на М-НАВ, именувани од Владата, само за еден мандат заедно ќе заработат речиси половина милион евра, пари за кои на работник со минимална плата ќе му бидат потребни 76 години, откри пресметката на опозицијата. Од ВМРО ДПМНЕ тврдат дека, Фахрудин Хамиди  месечно добива по 345.000 денари или 5 628 евра, додека Владо Крстевски 266 илјади денари месечно  или околу 4 340 евра.

М-НАВ е акционерско друштво основано од владата, но со сопстевн буџет. Се финансираат сами, од прелети и терминални услуги, а сами одлучуваат и за распределбата на парите и платите.  Деновиве се во фокусот на јавноста, откако Синдикатот обелодени дека се сомнева оти директорите на компанијата сакале да го поништат огласот за контролори на летање, зошто од 270 пријавени, положиле само 8 кандидати, меѓу кои не се нивните, а ни пријавените деца на функционери од ДУИ. Од компанијата ги отфрлија ваквите тврдења,  а по реакциите во јавноста соопштија дека одлучиле да го прифатат изборот и дадоа насоки, лицата да се упатат на обука во Данска.

Далиборка Демјанска Цветановска