Цената на кубик геотермална вода е зголемена за 83 отсто. Повисока цена за затоплување ќе плаќаат 14 училишта, компании, оранжерии и судот во Кочани. Советниците на денешната седницата на Советот на Општина Кочани изгласаа цената на топлата вода, која се користи за затоплување на кочанските објекти и фирми да чини 61,9 денари.
Општина Кочани и комуналното претпријатие Водовод во два наврати бараа зголемување на цената на геотермалната вода, првично побараа да се зголеми за 123,5 отсто. Во моментот корисниците на оваа вода, која ја користат за загревање на објектите плаќаа по 33,82 денари за кубик. Зголемувањето на цената ќе значи и поголем приход на кочански Водовод, кое пред десеттина дена настрада од енергетската криза и дел од објектите беа без струја.
Кочански водовод од геотермалната вода за загревање на објекти, но и производство на оранжериски култури лани заработи 15,8 милиони денари. Овие средства не можат да ги покријат основните трошоци за црпење и диструбуција на водата до корисниците.
Викторија Јованова











