Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира за денешниот напад врз новинарската екипа на ТВ24 и од Министерството за внатрешни работи (МВР) да спроведе брза и ефикасна истрага.
,,Додека снимавме инсерти на ул. Пржино, куќа 28/б, во која, според избирачки список, живее Олександр Онишченко, сопственикот на куќата, извесен Миле, физички ме нападна, откако упати пцости и погрдни зборови кон мене. Лицето замавнувајќи со лактот ме удри во пределот на главата и вратот “, изјави Игнатов, се наведува во соопштението на ЗНМ.
Случајот бил пријавен во МВР од кое се бара да спроведе брза и ефикасна истрага во интерес на пронаоѓање и санкционирање на напаѓачот.
ЗНМ веднаш контактираше и со Скопското јавно обвинителство со обвинителката Искра Хаџи Василева, која е назначена за предмети поврзани со напади врз медиумски работници, за натамошно процесирање на случајот.
ЗНМ порачува дека ќе ја следи истрагата и ќе инсистира на одговорност на лицето кое физички го нападнал колегата снимател Игнатов и го спречил физички да ја изврши својата работа.
Потенцираме, нагласуваат од ЗНМ, дека заканите по живот се кривични дела предвидени во Кривичниот законик, а МВР и ОЈО треба итно да ги истражат и процесираат, со цел да ги казнат оние кои го прекршуваат законот но и да превенираат евентуални вакви кривични дела во иднина.











