Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца од ДУИ му помогнаа на ВМРО-ДПМНЕ во изгласувањето на ребалансот на скопскиот буџет

/

пред 1420 дена

Сподели преку :

Со усвојувањето на ребалансот ќе се блокира градот, рече скопската градоначалничката Данела Арсовска пред советничкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ да ги изгласа сопствените амнадмани за релокација на милион евра од градскиот буџет.

На ВМРО-ДПМНЕ во гласањето „за“ им се придружија и двајца советници од ДУИ и Левица со што беа обезбедени 24 гласа. Советниците од СДСМ гласаа против и алармираа дека не треба да се врши измена на претходно веќе изгласани амандмани.

Изгласаните амандмани се по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, со еден од нив се дава помош од 150 илјади евра на Фудбалскиот клуб Вардар, како и повеќе реконструкции на улици во Чаир и Аеродром кои треба да се реализираат до Нова Година.

Претседателот на советот Трајко Славевски кој е и поранешен министер за финансии и порача на Арсовска дека нема можност за блокирање на функционирањето на градот Скопје и решението може да го најде за три минути од стручни лица кои се разбираат во буџет.

Градоначалничката реплицираше дека мотивот за ваков ребаланс не е решение туку блокада на градот.