Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Институциите сѐ уште молчат за компаниите кои со месеци трошат субвенционирана струја

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Ниту една институција сѐ уште не ја открива листата на компании кои што со месеци ја трошат струјата наменета за домаќинствата, а нема ниту одговорност. Со ова се отвара прашањето дали воопшто некој од нив ќе одговара за овие злоупотреби направени со избегнување на повисоко ДДВ, со што е направен сериозен удар врз државниот буџет, или единственото нешто што ќе се преземе ќе биде тие да се вратат на слободен пазар каде што всушност треба да купуваат електрична енергија.

Листата на фирми е долга, станува збор за индустриски фирми, аптеки, маркети, мобилни оператори, кои уште од почетокот на годинава разработиле шема со која дошле до поевтина струја наменета за граѓаните и помалите компании.

Неколку пати од РКЕ предупредија дека нивнито присуство на регулираниот пазар може да направи сериозен притисок врз цената за домаќинствата.