Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Самит на Г20: Помош за економиите по ковид пандемијата, климатските промени, војната во Украина

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Светските лидери Г20 денеска и утре на Самит на Бали. Целта на настанот е изнаоѓање на начини за помош на економиите по пандемијата на Ковид-19, но тензиите околу Украина би можеле да ја стават климата во втор план.

Земјите од Г20 пристигнаа на индонезискиот остров со различни цели и очекувања. Едни сакаат да лобираат за нови санкции против Русија, други, пак, се против нов пакет на мерки против Москва.

Американскиот претседател, Џо Бајден изрази уверување дека светот ќе излезе посилен по пост-ковид период одошто беше претходно.

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика официјален Пекинг да изврши притисок врз Путин за рускиот претседател да се врати на преговарачка маса. Апелот на шефот на француската држава доаѓа по билатералната средба со неговиот кинески колега, Си Џинпинг.

Иако и Путин и Зеленски беа поканети на Самитот, двајцата лидери, сепак, решија да останат во своите земји. Украина побара исклучување на Русија од Г20 поради инвазијата на што се спротивстави Кина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање на Самитот побара од лидерите да го вратат мирот и да стават крај на руската војна.

Шефот на кинеската дипломатија Ванг Ји, по состанокот со неговиот руски колега, јасно порача дека Пекинг ја поддржува улогата на Русија во Г20 и други меѓународни форуми. Тој смета дека никој нема право да го одземе правото на Русија да учествува во мултилатерните формати.

Медиумите јавуваат дека челниците на Г20 разгледуваат Резолуција со која мнозинството на земји членки ќе ја осудат војната во Украина, но и влијанието што го има врз светската економија.

Самитите на групата на најразвиени светски економии во минатото не вродуваа со заеднички Резолуции поради несогласувањата на Русија и други држави за јазичните детали, меѓу кои и описот на војната во Украина.

Овој Самит на Бали се одржува за првпат од 24 февруари оваа година, кога почна руската инвазија во Украина која Кремљ ја нарекува „специјална воена операција“. На билатералните средби кои му претходеа на дводневниот Самит најмногу се говореше за светската инфлација и за сигурноста за снабдување со храна и со енергенти.

Сашко Димовски