Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Кинеската политика за „нула ковид“ им предизвикува проблеми на локалните власти

/

пред 1419 дена

Сподели преку :

Политиката „нула ковид“ на кинеските власти ја прели чашата во јужниот град Гуангжу, каде поголем број на граѓаните им пркосеа на наредбите за задолжителен карантин и се судрија со полицијата. 19 милионскиот индустриски град е среде најголемиот бран на Ковид-19 од почетокот на пандемијата, но ригорозните мерки кои кинески власти ги применуваат за да ја спречат заразата имаат тешки последици по локалните економии. Во посиромашните делови од градот веќе се појави недостаток на храна и лекови, и покрај енормно зголемените цени поради карантинот.

Судирот со полицијата беше колуминација на неколку дневните несогласувања со службениците за превенција на Ковид-19, предизвикани од непотврдени гласини дека компаниите за тестирање фалсификуваат позитивни тестови за да заработат повеќе.

Непотврдените гласини се закануваат да предизвикаат проблеми и на северот од земјата, откако локалните власти во провинцијата Хубеи соопштија дека прекинуваат со масовното тестирање. Помеѓу популацијата се раширија гласини дека властите планираат жителите на провинцијата да ги искористат како лабораториски заморчиња, за да видат што ќе се случи ако се дозволи неконтролирано ширење на вирусот.

Слични гласини пред две недели предизвикаа масовно напуштање на работниците во комплексот Фокскон во гладот Женгжу, што резултираше во глобален застој во испораката на Ајфони.

Како што поминува времето локалните власти во кинеските провинции имаат се повеќе потешкотии во спроведувањето ан владината „нула ковид“ политика, без да си ги уништат локалните економии.

Минатата недела беше најавена серија измени кои воведуваат олабавување во спроведувањето на строгата владина политика, што многумина го толкуваат како знак дека во иднина е можно кинеските власти да дозволат поголемо олабавување на мерките.