Селото Павлиивка, во областа Доњецк, на истокот на Украина е „целосно ослободено“, објави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
„Како резултат на успешните офанзивни дејства, руските сили целосно ја ослободија населбата Павлиивка во Доњецката Народна Република. За време на битките, елиминирани се околу 1.400 украински војници и уништенји се два украински авиона Су-25, еден хеликоптер Ми-8, 12 тенкови, 27 борбени пешадиски возила и до 30 други оклопни возила. Уништени се и шест артилериски орудија, меѓу кои два система М777 од американско производство, 28 дронови и 25 возила за различни намени“, е наведено во соопштението на Министерството за одбрана на Русија.











