Директорот на АНБ Виктор Димовски замина за Брисел поради што за два дена го одложи своето појавување пред надзорната собраниска комисија за сканадлот со државјанството на контроверзниот украинец Олександар Онишечнко.
И додека надлежните молчат во интервју за македонските медиуми објаснување, од Дубаи каде во моментов е на одмор, даде токму македонскиот репрезентативец во коњички скокови.
Тој во телефонски разговор за „Слободен печат“ вели дека за македонското државјанство чекал две години и го добил на легален начин. Во Македонија дошол на покана на својот колега јавач Лука Заложник кој од него побарал да биде спонзор и член на македонската репрезентација.
Пред да добие документи од земјава тврди добил и германски документи каде во моментов е и неговото живеалиште, а има и сопствена компанија во земјата.
За обвинувањата во странските медиуми пак појаснува дека против него во моментов нема ниту еден доказ како и дека против него не се води ниту еден судски спор, а на црната листа на САД се нашол бидејќи бил пријател на Трамп и изјавил дека синот на Бајден е корумпиран.
Онишленко во интервјуто тврди дека и во Македонија има своја компанија, а во наредниот период планира нови инвестиции во земјава.











