Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Учениците се враќаат од училиште без настава затоа што нема книги

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Речиси цело прво полугодие основците го поминаа без учебници. Веќе неколку дена материјалите од скратените импровизирани учебници е поминат и учениците немаат од каде да учат. Од министерството им беше ветено дека ќе ги добијат потребните учебници, но засега тоа остана само ветување.

Родителите на учениците се вознемирени затоа што во некои училишта бидејќи нема материјал за учење ги пуштаат учениците дома без да имаат настава или ја завршуваат порано. Тие бараат од надлежните да се пронајдат некои алтернативни решенија и децата да не губат од наставата.

До крајот на октомври или почетокот на номеври, беше ветено дека ќе бидат испечатени и доставени учебници по сите предмети кои учениците ги изучуваат, но веќе е средина на ноември, а учебниците ги нема.

Од министерството сега со ново ветување дека 70 отсто од новите учебници се завршени и од утре ќе бидат доставени низ училиштата, но останува прашањето што ќе биде со останатите 30 отсто. Кога ќе има метеријал за нив и на кој начин тие ќе го надополнат изгубеното.

Тамара Марковска