Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вработена во ГОБ „8-ми Септември“, одзела картичка од пациент и си пазарела со неа, поднесена кривична пријава

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош во полициска станица денеска извршиле службен разговор со С.С.(53), вработена во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Таа се сомничи дека од С.М., додека бил на лекување во болницата, одзела платежна картичка и пазарела во повеќе продажни објекти, по што ја вратила картичката. Во службениот разговор таа го признала делото. По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти МВР.