Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВМРО ДПМНЕ нема преставник за на суд, се одложи „Талир“

/

пред 2201 дена

Сподели преку :

Немаше кој да ја преставува партијата ВМРО ДПМНЕ денеска на рочиштето од судскиот процес  Талир. Доскорешниот секретар Игор Јанушев повеќе не е овластен преставник, оти беше разрешен од оваа функција и сега е само пратеник рече одбраната.

Вториот преставник Наум Стоилковски пак бил отсутен поради здравствени причини. Поради ова се одложи и денешното рочиште за незаконското финансирање на ВМРО ДПМНЕ.

Но, судијата Осман Шабаникој го води процесто забележа дека не е прв пат да се одложува рочиште поради отсуство на преставник ВМРО ДПМНЕ и побара во рок од 3 дена да се достави медицинска документација за да се оправда неприсуството на Стоилковски.

Инаку во Талир се обвинети 14 – на од поранешното раководство на партијата меѓу кои поранешниот претседател Никола Груевски.