Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Доналд Трамп и официјално се кандидира за претседател на САД, неговиот син повика да запре вооружувањето на Украина

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Доналд Трамп и официјално поднесе кандидатура за наредните претседателски избори во САД во 2024 година кои ќе бидат трети во неговата политичка кариера. Во премиерното учество победи, во второто загуби од Џо Бајден.

Неговата кандидатура ќе ја направи американската политичка сцена уште поинтересна, особено во контекст на војната во Украина и на односот на САД кон НАТО.

Неговиот син, Доналд Трамп Јуниор, на Твитер се прашува дали е време да се престане со издвојување на милијарди за Украина, откако украински проектил падна во Полска.

„Бидејќи украински проектил ја погоди НАТО сојузничката Полска, може ли сега барем да престанеме да трошиме милијарди за да ги вооружуваме“, се прашува Донал Трамп Јуниор.