Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Французинките со перфектен скор обезбедија пласман во полуфиналето

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Во последниот натпревар од Главната рунда во Скопје, Франција беше убедлива против Шпанија совладувајќи ја со 36:23 и со перфектен учинок во шест натпревари се пласираше во полуфиналето од Европското првенство.

Селекторот на Триколорките, Оливие Крумбхолц за овој меч реши да ги одмори клучните стартери Паулета Фопа, Лора Флипе и Клеопатра Дарлу, но и условно речено втората постава беше пресилна за Шпанија.

Во вториот натпревар од денешната програма во Скопје, Холандија ја декласираше Црна Гора со 42:25. Сепак и покрај убедливиот пораз Црногорките кои настапија без Јованка Радичевиќ и Милена Радичевиќ веќе имаа обезбедено пласман меѓу четирите најдобри додека Холандија со оваа победа патува за Љубљана на меч за петтото место.

На првиот дуел кој се играше за престиж, Германија славеше над Романија со 32:28.

ФОТО: Игор Паневски