Иранските безбедносни сили застрелаа луѓе на метро станица во Техеран и тепаа жени кои не носеа бурка. Инцидентот бил снимен од патници во возот, но и лица кои го чекале својот превоз.
Јавниот превоз стана место на полициско насилство откако Махса Амини, 22-годишна Иранка со курдско потекло, почина на 16 септември во морален полициски притвор, откако беше уапсена поради кршење на иранскиот строг кодекс за облекување на жените.
По вчерашниот инцидент во Иран повторно се интензивираа протестите, а организаторите повикаа на тридневна акција во знак на сеќавање на „крвавиот ноември“ од 2019 година, кога стотици беа убиени за време на протестите против поскапувањата на горивото.
Државата во моментов врши репресија против антивладините демонстранти, а досега пет лица поврзани со протестите се осудени на смрт. САД и некои западни земји воведоа санкции за Иран и повикуваат на запирање на насилството кое владата го врши врз демонстрантите.











