Холандскиот суд денеска изрече доживотни казни за тројцата осомничени, на кои им се судеше во отсуство, за нивните улоги во соборување на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ над источна Украина во 2014 година.
На двајцата руски разузнувачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на лидерот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко им е наложено да платат и 16 милиони евра отштета на роднините на жртвите, објави „Ројтерс“. Четвртиот осомничен Русин, Олег Пулатов е ослободен од обвинението.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека ќе ги испита мислењето на холандскиот суд во чиј заклучок се наведува дека авионот на „Малезија Ерлајнс“ е соборен со ракета од руско производство на 17 јули во 2014 година.
Окружниот суд во Хаг пресуди дека авионот на „Малезија Ерлајнс“ бил соборен со ракета што била лансирана од противвоздушниот систем „Бук“, од поле кај „Первомајска“, во областа Доњецк, соопшти претседавачкиот судија, Хендрик Стенхуис.
Денешната пресуда доаѓа по осум години од уривањето на авионот од типот „Боинг 777“ кој леташе од Амстердам кон Куала Лумпур, пришто загинаа сите 289 патници и членови на екипажот.











