Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери во Вин-Вин за безбедносните слабости при аферата Онишченко – Има законски празнини, треба да се дорегулира и постапката за сертификатите

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Има законски празнини, уште при првиот мандат укажав на тоа, кажа претседателот на Собранието Талат Џафери во однос на прашањето во вечерашното издание на Вин-Вин, дали го загрижуваат последните информации дека со безбедносниот сектор во државата не е се како што треба, земајќи ја предвид аферата со пасошот на Украинецот Онишченко.

„Треба да се изврши дополна на законите за да се дефинира конечниот статус на граѓанскиот совет и на двајцата советници во комисијата. Затоа што, така како што е поставено, неизводливо е. За граѓански совет предвиден е буџет во Собранието, но по која ставка да ги давам тие пари да се трошат. Јас не потпишувам пари без законска основа.“ – изјави Џафери.

Пендаровски за скандалот Онишченко – Како е можно ова да се случи, ова е удар за кредибилитетот на АНБ

Треба да се дорегулира законска рамка и по однос на сертификатите. Не може пратеникот кој го бирате во Комисијата, да чека година дена за сертификат. По сила на закон треба да добие, додаде Џафери.