Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

И деца меѓу 21 жртва во палестинска Газа во пожар во бегалски камп

/

пред 1417 дена

Сподели преку :

Најмалку 21 палестински бегалци, меѓу кои се и цели семејства со деца загинаа во пожар во зграда во бегалскиот камп Јабалија во северниот дел на Газа во Палестина, соопштија палестинските власти кои го истражуваат трагичниот инцидент.

Првичната истрага утврдила дека пожарот се раширил поради поголеми количества бензин во зградата. Палестинците се приморани да чуваат бензин во канистри за агрегатите за струја бидејќи секојдневно се соочени со рестрикции и имаат по едвај 8 часа дневно пристап до електрична енергија.

Меѓу жртвите има цели семејства, а загинати се и лекар, фармацевт, локален службеник кои работеле за подобри животни услови на бегалците.

Хусеин АлШеик од арапската ПЛО повила Израел да го отвори граничниот премин Ерез за да им се помогне на настраданите. Израелскиот министер за одврана Бени Ганц кој рече дека треба хуманитарно да се помогне и Израел да помогне во спасување на животи, но, наведе и дека нема потреба од отварање на преминот бидејќи сите жртви загинале.

Палестинскиот претседател Махмуд Абаз прогласи еднодневна жалост поради трагедијата.