Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Саудискиот принц доби имунитет заради убиството на новинарот Кашоги

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Соединетите држави одлучија дека де-факто лидерот на Саудиска Арабија – принцот Мохамед бин Салман, има имунитет од правната тужба на свршеницата на убиениот новинар Џамал Кашоги.

Кашоги, еден од најжестоките критичари на режимот во Саудиска Арабија, беше брутално убиен и масакриран во Истанбул во октомври 2018-тата година.

Американското разузнавање заклучи дека принцот Мохамед го наредил убиството.

Но, во судскиот поднесок, Стејт департментот одлучи дека тој има имунитет заради неговата нова позиција како Саудиски премиер.

Поранешната свршеница на Кашоги, Хатиџе Ченгиз, на твитер објави дека со оваа американска одлука „Џамал повторно умрел“.

Таа, заедно со организацијата за човекови права, Демократија за арапскиот свет веднаш, формирана од г-дин Кашоги, бараше јавно непрецизирана отштета во Соединетите држави од саудискиот престолонаследник за убиството на нејзиниот свршеник.

Во нивната правна тужба бин Салман и неговите најблиски соработници се обвинуваат дека го „киднапирале, врзале, дрогирале, измачувале и убиле“ новинарот со живеалиште во САД и активист за демократски права, Џамал Кашоги.

Генералниот секретар на Амнести, Агнес Каламард изјави: „“ Денеска ова е имунитет. Сето тоа заедно води до неказнивост.“

37-годишниот принц Мохамед бин Салман беше именуван како претстолонаследник во 2017-тата година а во септември оваа година ја доби и улогата на Премиер.