Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

10 милиони Украинци се уште без струја – во Херсон сведоштва за мачења со електрошокови

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Десет милиони Украинци се уште се без струја, додека Русија се фокусира да ја уништи енергетската инфраструктура. Иако војската се обидува да ги санира дефектите по жестокото руско гранатирање во понеделникот, граѓаните се предупредени да се подготват за најлошото – освен струја, ќе нема вода, а со првиот снег домовите и не се затоплуваат. Ослободениот Херсон допрва го чекаат тешки и темни денови. Со најавата дека пристигнува хуманитарната помош, луѓето застанаа во долги редици.

  • Нема струја веќе две недели. Сите фрижидери се одмрзнаа. Немаме ништо за јадење, немаме пари, немаме вода, немаме греење. Живееме во студ.
  • Русите ги проверуваа луѓето. Одеа од куќа во куќа. Не тераа да се евакуираме, не тераа да земеме руски пасоши, но издржавме. И еве сега сме слободни. Иако нема вода и струја. Има вода во реката Дњепар, од таму земаме.

И Херсон не бил поштеден од злосторствата на руските војници. Според украинските истражители во околината на градот пронајдени се 63 тела на цивили на кои имало траги од мачење. Откриени се 11 илегални затвори и 4 соби за мачење во градот, каде што десетици мажи биле приведени, мачени со струја, тепани, а некои и убиени. Повеќе од 700 луѓе се водат како исчезнати и се стравува дека се или мртви или присилно одведени на окупираните територии или во Русија. Еден од нив е Алеша Бабенко кој 10 дена бил затворен во подрум и редовно тепан од руски војници. Во септември, тој и неговиот 14-годишен внук, биле уапсени затоа што фотографирале уништени тенкови и ги испраќале до украинската армија.

Руските војници се повлекоа од Херсон по осум месеци, но странските разузнавачи велат дека изградиле нови системи за ровови меѓу Доњецк и Луганск, на 60-тина километри зад линијата на фронтот. Што значи дека се подготвуваат за натамошни големи продори на украинската армија. Големи се шансите, Русија да прераспореди некои од силите вратени од Херсон за да ја зајакне офанзивата во близина на градот Бахмут – град во кој Русите сè уште бележат некаков успех, иако сè уште не успеале да го освојат.

Алиса Шутиноска