Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажни фактури со фиктивни цени за увоз на пелети доставувале трговци до Царинската управа

/

пред 1416 дена

Сподели преку :

Лажни факутри со фиктивни цени за набавка на пелети се доставуваат во Царинската управа од фирми увозници, тврди министерот за економија Крешник Бектеши. Затоа се и поплаките откако цената со одлука на Влада е замрзната на максимални  27 денари по килограм. УЈП и царината да ја проверат документацијата и да ги казнат фирмите кои се обидуваат да манипулираат, побара министерот.

Кога станува збор за цените на прехранбените продукти и најавеното поевтинување, очекувањата се дека ќе бидат во првата недела од декември, бидејќи од тогаш и прехранбената индустрија се префрла под капата на ЕСМ продажба и ќе користи цена од 80 евра за мегават час. До 13 отсто пониски цена се предвидувањата на економија.

Од минатата недела на сила е новиот Закон за заштита на правата на потрошувачите во кој доколку се утврдат манипулации со цените кај трговците и измами на потрошувачите  се предвидува, покрај посотечките парични казни, и изрекување на забрана за вршење на дејност.

Во Законот се јасно дефинирани начините на кои ќе се одвиваат акциите и промотивните пшериоди во маркетите и продавниците како и сезонските намалувања кои ќе ги има во два наврати – летно, од 25 август до 25 септември и зимско од 25 декември до 25 јануари наредната година. Кога станува збор за продажба на стоки на кои им изминува рокот на употреба трговците се должни физички да ги одвојат од другите артикли и видливо да означи дека рокот истекува.

Огнен Чанчаревиќ