Демократската унија за интеграција ја продолжува конститутивната седница на партиското централно претседателство, откако во раководството на партијата влегоа и членови на т.н. „Огнена група“.
Таа група бара отчет за работата на сите министри и други функционери на ДУИ, но пред почетокот на седницата од таму изјавија дека за евентуално разрешување на министри и директори нема да се разговара.











