Во северозападниот дел на Русија се случи експлозија на гасовод која потоа предизвика пожар, соопштија локалните власти.
Пожарот, наводно, бил изгаснат за кратко време, но властите не наведоа причина за експлозијата.
Гувернерот на областа на Санкт Петербург, Александар Дрозденко рече дека работата на термоелектрана во градот Всеволжск, која се напојувала преку гасоводот, е префрлена на мазут за да се обезбеди непречено греење на населението.
Претходно денеска станбена зграда на островот Сахалин на рускиот Далечен исток, северно од Јапонија, беше уништена по експлозија која, според властите, била предизвикана од ракување со наисправен плински уред.











