Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЕЛЕМ: Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Блок 1 во РЕК Битола од изутринава во 8:35 часот е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти ЕЛЕМ.

Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведе 24 часа порано од предвидениот рок и блокот е вклучен во редовно производство.

„Стручните служби и вработените во РЕК Битола кои беа вклучени во зафатот, покажаа исклучителна посветеност и непрестана работа на задачата, со цел и покрај амортизираната опрема и долгиот рок на работа на термоелектраната, за што пократко време да се отстрани застојот и блокот да се врати на мрежа“, се наведува во соопштението.

РЕК Битола е во очекување да пристигне и трансформаторот за Блок 3 кој во моментот се превезува од Грција кон граничниот премин Меџитлија.