Најмалку пет луѓе се убиени рано утрово кога вооружен напаѓач отвори оган во геј клуб во американско Колорадо Спрингс, јавија американските медиуми.
Официјални полициски службеници наведоа дека во инцидентот се повредени најмалку 18 лица и додадоа оти напаѓачот е уапсен и се наоѓа на „болнички третман“.
Трагичниот настан се случи во клубот „Кју“ кој се промовира како „ноќен клуб за луѓе со геј и лезбијска ориентација“.
„Мирор“ пренесува дека, според непотврден извор, во нападот се погодени најмалку 23 луѓе, додека друг тврди дека напаѓачот користел снајпер.











