Државите учеснички на Конференцијата во Шарл ел Шеик постигнаа договор за формирање на Фонд за помош на сиромашните земји кои се тешко погодени од климатските промени. Договорот и Фондот, меѓутоа, не носи и решение во борбата против причините за емисиите на штетни гасови, наведува „Ројтерс“.
По исцрпувачките и тензични разговори, египетските власти кои ја организираа климатската конференција, го објавија завршниот текст од договорот. Верзијата ја проследија на увид кај преговарачите кои многу брзо ја одобрија одредбата за воспоставување на фонд за „загуби и штети“. Инструментот се однесува на земјите во развој да се изборат со непосредни трошоци од климатски појави како обилни дождови и поплави.
Конференција во египетското летувалиште траеше две недели и беше тест за државите дали се подготвени да се борат против климатските промени. Требаше да заврши во петокот, но беше продолжена за ден-два поради неслога и отсуство на договор поради што следувааи закани од Европската Унија за напуштање на преговорите. Заклучокот, сепак, е дека ниту војната во Европа, енергетската криза и инфлацијата не го намалија интересот на јавноста за климатските промени.











