Премиерот Ковачевски потврдува дека во тек се преговори за влез на Алијанса во Владата но, ниту збор за ресорите за кои јавноста шпекулира дека ќе и бидат доверени на партијата.
Останува да лебди прашањето дали Министерството за здравство животна средина и земјоделие ќе ги добие евентуално новиот владин партнер.
Лидерот на интегративците Ахмети пред Ковачевски откри дека се преговара за три министерства. ДУИ би отстапила министерство со кое управува во замена за местото во правда.











