Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вучиќ и Курти итно свикани на состанок во Брисел, ќе успее ли ЕУ да ги намали тензиите?

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Ќе успее ли ЕУ да ја намали тензијата меѓу Белград и Приштина, и да ја спречи ескалацијата на терн, по најавите дека од утре косовските власти ќе ги казнуваат Србите на северот од Косово кои возат со српски регистарски таблички.

Српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти се итно свикани на состанок во Брисел на средба со првиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, кој се надева дека двете нервозни страни ќе седнат на маса и ќе го продолжат дијалогот.

  • „Потребна ни е деескалација на ситуацијата, (неопходно е) да престанеме да управуваме со постојаните кризи и наместо тоа да постигнеме напредок во нормализацијата на односите“, напиша Борел на Твитер на 20 ноември.

Борел смета дека ова е „најсериозната криза од 2013 година“. На можна ескалација укажа и претходно и порача дека рокот кој го постави Приштина не смее да се дочека без договор.

Но, Вучиќ не е оптимист дека денешниот состанок ќе доведе до некој договор, а ситуацијата на северот од Косово ја оцени како најтешка во изминатите десет години, и истакнува дека проблемот не е само во таблиците за возилата. Истакнува дека мирот зависи единствено од меѓународната заедница, која според него, може само да крене телефон и да го смири Курти во неговите идеи. Курти не сакаше да ги послуша ниту Америка и ЕУ, кои го повикаа да го почитува Бриселскиот договор.

На терен од утринава се увствува нервозата, поради заканата ека од утре оние Срби кои не ги смениле таблиците на возилата со косовските ќе се казнуваат со 150 евра. Србите од северот одбиваат затоа што велат тоа им е последната врска со централата во Србија.

Српските политички аналитичари сметаат дека денеска во Брисел може да се постигне некаков договор, но под договор се мисли Курти да го промени ставот. Сепак, велат се се сведува на тоа дали Германија и Америка ќе имаат доволно силна намера да ја променат многу ригидната и тврда политика на Курти.

Алиса Шутиноска