Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нема лекови за малите пациенти со цистична фиброза, нивните семејства се селат од Македонија во потрага по подобро лекување

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Во земјава регистрирани се околу 130 пациенти со цистична фиброза, болест која доколку не биде на време дијагностицирана може да заврши со фатални последици.

До сега лекарите применувале терапија која делувала на симптомите, но последните две години големите светски фармацевстки компании откриле терапија која делува на самата болест.

Но, проблемот со новата терапија е што чини скапо. Цената на третманот ја диктираат странските пазари, но и средствата кои на годишно ниво ги одвојува Министерството за здравство.

Дел од семејствата на младите пациенти во недостиг на подобри лекови и поради состојбите во македонското здравство се селат во странство каде заболените деца имаат подобри услови за лекување.

Експертите велат дека државата ќе мора да најде начин да обезбеди фонд преку која современата терапија ќе се применува кај болните во земјава.

Најтешката форма на оваа болест е кога со неа се зафатени белите дробови што предизвикува полнење на белите дробови со течности и гушење на пациентите.

Смртноста кај овие пациенти е најголема бидејќи болеста кај нив најбрзо напредува и доведува до прогресивно оштетување на белодорбните органи.

Досегашните истражувања покажале дека станува збор за наследна, мултисистемска болест, која зафаќа повеќе органи и е потенцијално живото загрозувачка.

По повод меѓународниот ден на лицата со цистична фиброза, НЛБ банка – Скопје објави дека станува „патрон на пациентите со цистична фиброза“ во соработка со асоцијацијата на цибрична фиброза.

Тамара Марковска