Земјотрес на најголемиот Индонезиски остров, Јава, усмрти најмалку 162 луѓе а повреди повеќе стотици, потврдија локалните власти.
Потресот со силина од 5,6 степени го погоди градот Чијанжур на западниот дел од Јава, а епицентарот бил на плитка длабочина од 10 километри, според податоците на американскиот геолошки центар.
Повеќе десетици луѓе биле пренесени во болница, додека голем број од повредени биле третирани и на отворено.
Спасувачите продолжиле да работат долго во ноќта во обид да им помогнат на голем број луѓе кои остануваат заробени под урнатите објекти.
Регионот каде што земјотресот се случил е густо населен и се соочува со чести лизгања на земјиштето, каде што голем број куќи биле срамнети со земја.
Информациите за точниот број на загинати и повредени во земјотресот се меѓусебно контрадикторни и тешко е точно да се каже колку луѓе ги загубиле
животите во потресот додека продолжуваат спасувачките операции.
Истовремено, повеќе од 13 000 луѓе се принудно раселени, додека во силниот земјотрес биле уништени повеќе од 2000 куќи.











