„Ниту можам да ги разберам, ниту ќе се трудам да ги разберам тие политички превирања“, вели д-р Софијанова во врска со шпекулациите дека имало наводен список за смена на здравствени директори.
Јас воопшто не сум поврзана со политиката, дури знаете дека бев директор и во претходните политички структури. Министерот Венко Филипче ми ја даде довербата затоа што сме дежурале заедно и знаеше дека во кризни ситуации ќе можам да се снајдам, бидејќи тогаш веќе почна короната и знаеше дека ќе можеме да соработуваме. Во тој дел имавме извонредна комуникација. Имавме сосема многу нормална комуникација и со новиот министер Беким Сали. Ниту можам да ги разберам, ниту ќе се трудам да ги разберам, ниту сакам да ги разберам тие политички превирања кои ако јас било што кажам ќе биде грешно, бидејќи не ги анализирам тие работи, вели Софијанова.











