Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: Загина мигрант од струен удар на железничка станица Илинден

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Синоќа на железничката станица Илинден загина човек за кој полицијата претпоставува дека бил мигрант кој патувал кон западна Европа.

Загинатиот немал лични документи, а полицијата соопшти дека претходно се слушнал силен звук проследен со јака светлина. Тоа упатувало дека загинатиот настрадал од струен удар.

На почетокот на ноември мигрант кој лежел на пругата кај Миравци загина откако го прегази товарен воз. Многу мигранти и бегалци од блискиот и средниот Исток ја користат пругата за да пешачат по неа или возовите за да патуваат кон север на Македонија и понатаму кон западно-европските држави.

Поради небезбедната траса на нивната бегалска рута, секоја година има по неколку жртви о загинати.

За синоќешниот инцидент МВР соопшти:

-На 20.11.2022 во 19.06 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека при преглед на товарен воз на Железничката станица Илинден, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина. Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификацја, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод. Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен.