Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се затвори битолското Инфективно одделение – останаа само двајца доктори специјалисти

/

пред 1412 дена

Сподели преку :

Се затвори зградата каде беше сместено Инфективното одделение во битолската Клиничка болница, кое го понесе најголемиот товар за време на пандемијата и беше Регионален КОВИД центар. Сега оваа служба, која имаше долга традиција, остана само со двајца лекари специјалисти поради што  работи како амбуланта и е преместена во Модуларната болница.

На Инфективното одделение се двајца лекари и затоа работи само од 7 сабајле до 19 навечер потоа презема Интерно одделение и Одделението за Ургентна медицина. Како и во цела Македонија кадар недостасува во болниците. Се надевам дека ќе има вработувања за брзо време, за тоа одлучува Министерството за здравство, вели Александар Обедниковски, директор на Клинилка болница Битола. 

Во зградата стара повеќе од половина век, покрај Инфективното одделение, беше сместено и одделението за градни болести, кое исто така е под клуч поради недостиг на специјалистички кадар. Директорот Обедниковски вели дека во ваква ситуација одлучија зградата да биде целосно затворена за да се заштедат енергенси, но има и најави за реконструкција на објектот кој повеќе од половина век не е реновиран.

Имаме најава и веќе се собираат средства од Комората на Југозападна Македонија за реновирање на Инфективното одделение. Дополнително, имаме барање од Министерството за здравство да намалиме со трошоците за електрична енергија и греење, поради тоа ја затворивме цела зграда од Инфективното одделение за да можеме да ја опслужиме подобро главната болничка зграда. Со тоа се намалија скоро 20 проценти трошоците за струја и парно, рече Обедниковски.

Обедниковски вели дека недостасува кадар во сите специјалности, но најповеќе во Одделенијата за неврохирургија, педијатрија и неонатологија. Веднаш по неговото доаѓање во август оваа година, побарал 94 вработувања за битолската болница, но, иако континуирано се врши притисок, сѐ уште нема одговор колку согласности ќе добие од надлежните министерства. Директорот уверува дека поради недостигот на кадар,  битолската болница нема да го изгуби статусот на Клиничка болница.

Емилија Мисирлиевски