Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валенсија сигурно ќе му помогне на Еквадор

/

пред 1412 дена

Сподели преку :

Првиот стрелец на првенството, Енер Валенсија поради повреда предвреме го заврши настапот за селекцијата на Еквадор во соочувањето со Холандија.

Валенсија ги постигна сите три погодоци за националниот тим, но поради повредата на скочниот зглоб тој мораше на носилки да биде изнесен од теренот.

Сепак очигледно дека не станува збор за посериозна повреда со оглед на фактот дека тој по завршувањето на мечот без проблеми се движеше по теренот и им отпоздравуваше на навивачите.

Еквадор во последното коло за противник го има Сенегал и во директен дуел решава за пласманот во елиминациската рунда, а огромни се шансите Валенсија да биде меѓу стартерите и на овој меч што се игра в среда.

ФОТО: Игор Паневски