Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СП во Катар: Србија по три бода против Камерун, Бразил и Португалија по заверка на осминафинале

/

пред 1417 дена

Сподели преку :

Нови четири натпревари носи денешниот, осми, ден на Светското првенство во Катар, по два во групите Г и Х со кои ќе биде комплетирано второто коло на турнирот.

Србија од 11 часот ќе игра против Камерун во обид да стигне до прв триумф на Мундијалот и да ги сочува шансите за пласман меѓу 16-те најдобри на турнирот. Националниот тим на нашиот северен сосед на стартот загуби од Бразил со 0:2, додека Камерун беше поразен од Швајцарија со 0:1.

Бразилците, пак, во попладневниот термин (17 ч.) ќе играат против Швајцарците и со евентуален триумф ќе бидат втори сигурни осминафиналисти во Катар по Франција.

Во слична позиција се наоѓа и Португалија чија селекција, по стартната победа над Гана, вечерва (20 ч.) ќе излезе на мегдан со Уругвај, во обид да се пробие во осминафиналето на коло до крајот на групната фаза.

Од 14 часот ќе играат уште Јужна Кореја и Гана.