Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Експертите поделени околу Владината даночна реформа, дали мерките ќе дадат резултат против сивата економија?

/

пред 1413 дена

Сподели преку :

Експертите поделени, за едни даночната реформа на Владата е добра за другите воопшто не станува збор за реформа.

Борба против сива економија мора да има но дали да се наосчи кон ситните продавачи или кон крупните фирми кои на секој начин избегнуваат плаќање данок.

За стопанственикот Рафајловски повлекувањето на прогресивен данок е грешка која што актуелната власт ја признала бидејќи не се покажал како функционален.

Персоналниот и данокот на добивка треба да се зголеми но по опсежни анализи и пресметки и да не бидат опфатени граѓаните кои примаат минимална плата.

Финансискиот експерт Бранимир Јовановиќ пак со став дека државата има нефер даночна политика.За прогресивниот данок Јовановиќ смета дека Владата никогаш не сакала да го воведе.

Фирмите кои добиле субвениции во време на пандемијата и економско енергетската криза и оние кои направиле екстра добивка треба да платат повисок данок, но треба внимателно да се издвојат.

Данок на екстра добивка има во повеќе држави од ЕУ, но во Македонија тоа нема да се случи, дециден е Јовановиќ.

Во даночната реформа нема ниту една мерка за борба против сивата економија, смета Јовановиќ

Едукацијата е клучна за борба со сивата економија а за поединците кои работат на црно рок да се регистрираат во системот.

Со најавените реформи прогнозите на надлежните се дека во Буџетот ќе се слеат дополнителни 70 милиони евра.

Огнен Чанчаревиќ